International Student Identity Card - Macedonia English Македонски
ПОПУСТ
Студио Кул Кат
Град: Скопје
Адреса: бул. Октомвриска Револуција, бр. 8
Телефон: 3067 366
Е-мејл: coolcut@mt.net.mk
Веб страна: http://www.coolcut.com.mk
Категорија: Фризери

За компанијата: 

Со висока репутација стекната во изминатиот еднодецениски период на постоење и дејност, Студио Кул Кат заслужено стана синоним за генератор на нови идеи и уметнички визии кои комплетно ќе го променат изгледот на вашата коса, следејќи ги современите светски фризерски трендови.

Она што го издвојува Студио Кул Кат од другите е определбата и заложбата на стручниот тим за респектирање на посебноста на сите клиенти, односно во ова студио посебно се внимава, и се акцентираат личните карактеристики кои ви даваат специфичен печат и ве издвојуваат од останатите.

Тоа значи дека со користењето на услугите на ова модерно и ексклузивно студио, вие секогаш ќе имате модерна и трендовска фризура, со која ќе се разликувате од останатите модни следбеници затоа што таа ќе ја рефлектира специфичната карактеристичност на вашиот карактер, па никогаш нема да личите на клониран трендсетер.

Душата на Студио Кул Кат, е неговиот сопственик, менаџер, главен стилист, неуморен едукатор на неговиот млад, но високо професионален тим, фризерскиот гуру - Перица Ивановски.

Немирниот дух, постојаната желба за нови знаења, искуства и континуирана едукација го мотивираат младиот и амбициозен Перица да учествува на бројни реномирани меѓународни саеми и семинари каде тој има непосредна можност за запознавање на најновите брендови и техники на светската фризерска уметност.

Новостекнатите знаења во комбинација со неговата уметничка визија резултираат со единствени и уникатни креации кои ќе го сменат вашиот лик. На голем број престижни и европски и балкански фризерски манифестации од натпреварувачки карактер, Перица има освоено високи награди.

Дојдете и уверете се. Нема да погрешите.

10%

Од 5% до 10% попуст на услугите.

Случајни Попусти
АБЦ кафе бар

Град: Скопје
Компанија: АБЦ кафе бар
Категорија: Барови
Попуст: 15%

Ресторани

Град: Скопје
Компанија: Ресторант Кригла Скопје
Категорија: Ресторани
Попуст: 10%

Aurora Tours Student Aurora Macedonian Railways Mastercard Microsoft Skype