International Student Identity Card - Macedonia English Македонски
ПОПУСТ
Bikestop
Град: 
Скопје
Адреса: 
Орце Николов 101/6 1000 Скопје
Телефон: 
23231772
Е-мејл: 
info@bikestop.com.mk
Веб страна: 
http://www.bikestop.com.mk
Категорија: 
Спорт

За компанијата: 

БАЈКСТОП е формиран во 2002г. од група на вљубеници во велосипедизмот пред се планинскиот, со цел на заинтересираните велосипедисти да им го пренесат стекнатото искуство во вид на квалитетна услуга и совет, услуга поинаква од до тогаш постоечката кај нас, услуга која ќе опфаќа техничка помош, спортско рекреативна подршка и пријателски совет.

Вработените во БАЈКСТОП велосипедите не само што ги продаваат и сервисираат туку и активно ги возат до своите работни места, за рекреација за спорт, па поради тоа произлегува дека услугите и советите го даваат искусни возачи и мајстори кои ги имаат доживеано нештата за кои говорат.

Ние знаеме колку ви значат вашите велосипеди и со каква љубов ги возите и токму поради тоа, со полна доверба можете да ни ја препуштите грижата за нив.

БАЈКСТОП е и вистинското место каде што во секое време можете да добиете вистинита и точна информација за се што е поврзано сo велосипедизмот и :

* велосипеди
* делови и дополнителна опрема
* совети за одржување и возење
* распоред за рекреативни тури

Велосипедите купени во БАЈКСТОП се со веќе направен прв сервис, подготвени за употреба и со гаранција од производителот.

Сервисната работилница на БАЈКСТОП е опремена со квaлитетен алат, резервни делови и прoфесионална услуга.

 

10%

Попуст на производите и услугите.

Случајни Попусти
Офис Плус – Драчево

Град: Скопје
Компанија: Офис Плус – Драчево
Категорија: Друго
Попуст: 7%

Музеи

Град: Прилеп
Компанија: Меморијален музеј 11 Октомври 1941
Категорија: Музеи
Попуст: Специјален

Aurora Tours Student Aurora Macedonian Railways Mastercard Microsoft Skype